страстен
Значење на страстен:
1. Што е проникнат со силно чувство, со страст, оддаден со страст кон нешто. Страсниот пушач тешко се одвикнува од цигари. Страстен ловец. Страстен вљубеник во македонската народна песна.
2. Што предизвикува страст.
3. Што е исполнет со љубовна страст. Страстен поглед. Страсни бакнежи. Страсна жена.
Членувана форма: страсниот.
Изведени зборови:
- страсно, прил. Страсно расправаа за најновите случувања. Љубеше страсно. Ја прегрна страсно.
- страсност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Страсна недела ‒ недела пред Велигден во која се слави споменот за страдањата на Исус Христос.
Оригинални податоци:
страстен, страсниот прид. 1. Што е проникнат со силно чувство, со страст, оддаден со страст кон нешто. Страсниот пушач тешко се одвикнува од цигари. Страстен ловец. Страстен вљубеник во македонската народна песна. 2. Што предизвикува страст. 3. Што е исполнет со љубовна страст. Страстен поглед. Страсни бакнежи. Страсна жена. ◊ Страсна недела ‒ недела пред Велигден во која се слави споменот за страдањата на Исус Христос. ‖ страсно прил. Страсно расправаа за најновите случувања. Љубеше страсно. Ја прегрна страсно. ‖ страсност ж.