страв
Значење на страв:
Силно чувство на неспокојство проследено со бурни манифестации на телото, треперење, потење и сл. предизвикано од реална или вообразена опаснот, заплашување, несреќа и др. Ја фати страв дека ќе падне. Го фати страв од луѓето што влегоа во собата. Му беше страв од крадци. Паничен страв. Страв ми е да спијам во темница. Се препоти од страв.Множина: стравови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му влезе страв во коските ‒ многу се исплаши, се преплаши. Мечка страв, мене не ‒ така се храбри некој што мора да направи нешто што предизвикува страв. Умре од страв ‒ многу се уплаши. Бере (собра) страв ‒ се плаши. Изеде страв ‒ многу се исплаши. Се помоча (се посра) од страв ‒ многу се исплаши. Страв и трепет ‒ многу страшна работа, состојба што предизвикува страв или некој што предизвикува голем страв со своето однесување, функција, моќ и сл. Се тресе од страв ‒ многу се плаши. Му го има стравот ‒ се плаши од некого. Страв лозје чува (посл.) ‒ стравот да не бидат фатени тие што крадат, го чува лозјето.
Оригинални податоци:
страв, мн. стравови м. Силно чувство на неспокојство проследено со бурни манифестации на телото, треперење, потење и сл. предизвикано од реална или вообразена опаснот, заплашување, несреќа и др. Ја фати страв дека ќе падне. Го фати страв од луѓето што влегоа во собата. Му беше страв од крадци. Паничен страв. Страв ми е да спијам во темница. Се препоти од страв. ◊ Му влезе страв во коските ‒ многу се исплаши, се преплаши. Мечка страв, мене не ‒ така се храбри некој што мора да направи нешто што предизвикува страв. Умре од страв ‒ многу се уплаши. Бере (собра) страв ‒ се плаши. Изеде страв ‒ многу се исплаши. Се помоча (се посра) од страв ‒ многу се исплаши. Страв и трепет ‒ многу страшна работа, состојба што предизвикува страв или некој што предизвикува голем страв со своето однесување, функција, моќ и сл. Се тресе од страв ‒ многу се плаши. Му го има стравот ‒ се плаши од некого. Страв лозје чува (посл.) ‒ стравот да не бидат фатени тие што крадат, го чува лозјето.