стравотен

Придавка

Значење на стравотен:

1. Што е многу страшен. Стравотна сила. Стравотен напад на непријателот. Ноќта е долга, темна, тешка, стравотна.

2. (прен.) Што е многу голем, силен, интензивен. Умре во стравотни болки. Се водеа стравотни битки.

Членувана форма: стравотниот.

Изведени зборови:

  • стравотно, прил. Сирената пиштеше стравотно. Гласот зазвучи стравотно.
  • стравотност, и. ж.

Оригинални податоци:

стравотен, стравотниот прид. 1. Што е многу страшен. Стравотна сила. Стравотен напад на непријателот. Ноќта е долга, темна, тешка, стравотна. 2. (прен.) Што е многу голем, силен, интензивен. Умре во стравотни болки. Се водеа стравотни битки. ‖ стравотно прил. Сирената пиштеше стравотно. Гласот зазвучи стравотно. ‖ стравотност ж.