стравотија

Именка, женски род

Значење на стравотија:

1. Голем страв. Тој почувствува голема стравотија гледајќи ѝ во очи на смртта.

2. Тоа што предизвикува, што претставува голем страв, ужас. Стравотијата од претходната ноќ уште му беше пред очи. Сеќавањето на стравотиите го мачи и ден-денес. Околу темница, пустелија, стравотија.

Множина: стравотии.

Оригинални податоци:

стравотија, мн. стравотии ж. 1. Голем страв. Тој почувствува голема стравотија гледајќи ѝ во очи на смртта. 2. Тоа што предизвикува, што претставува голем страв, ужас. Стравотијата од претходната ноќ уште му беше пред очи. Сеќавањето на стравотиите го мачи и ден-денес. Околу темница, пустелија, стравотија.