стража

Именка, женски род

Значење на стража:

1. Вршење на стражарска должност, чување, пазење од противникот, обично под оружје. Поставивме стража пред шаторот. Бев на стража цела ноќ. Стои на стража.

2. а) Вооружена единица што врши стражарска должност. б) Тој што врши стражарска должност; стражар. Стражата поминуваше пред објектот на секој половина час. Стража, носете го в затвор! Стражата го пропушти да влезе.

3. Војничка или полициска придружба на осуденик, осомничен и сл. Го донесоа во судот под стража.

Множина: стражи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мртва стража ‒ група или поединец на најпредниот дел од фронтот кон непријателот. Почесна стража ‒ група луѓе или војници што оддава почест некому.

Оригинални податоци:

стража, мн. стражи ж. 1. Вршење на стражарска должност, чување, пазење од противникот, обично под оружје. Поставивме стража пред шаторот. Бев на стража цела ноќ. Стои на стража. 2. а) Вооружена единица што врши стражарска должност. б) Тој што врши стражарска должност; стражар. Стражата поминуваше пред објектот на секој половина час. Стража, носете го в затвор! Стражата го пропушти да влезе. 3. Војничка или полициска придружба на осуденик, осомничен и сл. Го донесоа во судот под стража. ◊ Мртва стража ‒ група или поединец на најпредниот дел од фронтот кон непријателот. Почесна стража ‒ група луѓе или војници што оддава почест некому.