стражари

Глагол, несвршен

Значење на стражари:

1. Врши стражарска служба. Пред вратата стражареше вооружен војник. Пред зградата стражареа двајца полицајци. Тој стражарел на брегот со големо копје в рака.

2. (прен.) Чува, варди, пази, заштитува некого или нешто. Бабата им стражареше на двајцата вљубени.

Коњугација: стражарат.

Изведени зборови:

  • стражарење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стражари, стражарат несв. 1. Врши стражарска служба. Пред вратата стражареше вооружен војник. Пред зградата стражареа двајца полицајци. Тој стражарел на брегот со големо копје в рака. 2. (прен.) Чува, варди, пази, заштитува некого или нешто. Бабата им стражареше на двајцата вљубени. ‖ глаг. им. стражарење ср.