стрчи
Значење на стрчи:
1. Стои прав, неналегнат. Му стрчи долгата брада.
2. Се издига високо, стои извишено. Во градината стрчеа неколку остри колци.
3. (прен.) Се истакнува, паѓа в очи. Стрчи по квалитет. Стрчи меѓу другарките по убавината.
Коњугација: стрчат.
Изведени зборови:
- стрчење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стрчи, стрчат несв. 1. Стои прав, неналегнат. Му стрчи долгата брада. 2. Се издига високо, стои извишено. Во градината стрчеа неколку остри колци. 3. (прен.) Се истакнува, паѓа в очи. Стрчи по квалитет. Стрчи меѓу другарките по убавината. ‖ глаг. им. стрчење ср.