стреа

Именка, женски род

Значење на стреа:

1. Крајот од покривот што поминува преку крајните ѕидови на куќата или на друг градежен објект. Застанаа под стреата додека да преврне. Седеа под стреата на дуќанот. Капат стреите, се топи снегот од покривите.

2. Истурен дел на капа. Капа со стреа.

3. (прен.) Заштита, засолниште; дом. Таткова стреа. Родна стреа.

Множина: стреи.

Изведени зборови:

  • стреичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кога се раѓа женско, стреите плачат ‒ жална е судбината на жената што дури и стреите плачат. Лете кој седи под сенка, зиме под стреа (посл.) ‒ кој на лето не работи, на зима гладува.

Оригинални податоци:

стреа, мн. стреи ж. Крајот од покривот што поминува преку крајните ѕидови на куќата или на друг градежен објект. Застанаа под стреата додека да преврне. Седеа под стреата на дуќанот. Капат стреите, се топи снегот од покривите. 2. Истурен дел на капа. Капа со стреа. 3. (прен.) Заштита, засолниште; дом. Таткова стреа. Родна стреа. ◊ Кога се раѓа женско, стреите плачат ‒ жална е судбината на жената што дури и стреите плачат. Лете кој седи под сенка, зиме под стреа (посл.) ‒ кој на лето не работи, на зима гладува. ‖ стреичка, мн. стреички ж. дем.