стрефи

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на стрефи:

1. Удри точно во нешто; погоди. Ама го стрефи, точно по глава.

2. Случајно најде нешто или некого. Ги стрефивме дома, уште не беа излезени. Го стрефивме патот, не лутавме многу.

Коњугација: стрефат.

Изведени зборови:

  • се ~ стрефи, Се најде некаде случајно, се случи. Не се стрефил дома кога дошле да го бараат.
  • (се) стрефува, глаг. повт. (се) стрефуваат
  • стрефување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стрефи, стрефат св. (разг.) 1. Удри точно во нешто; погоди. Ама го стрефи, точно по глава. 2. Случајно најде нешто или некого. Ги стрефивме дома, уште не беа излезени. Го стрефивме патот, не лутавме многу. ● се ~ Се најде некаде случајно, се случи. Не се стрефил дома кога дошле да го бараат. ‖ (се) стрефува, (се) стрефуваат повт. ‖ глаг. им. стрефување ср.