стрела
Значење на стрела:
1. Насочува, затегнува лак и испушта стрела; гаѓа со стрела. Децата со дрвени лакови стрелаа по чавките.
2. Насочува огнено оружје (пушка, пиштол и сл.); пука во некого. Војниците стрелаа во уличката полна со луѓе. Уште не стрелал во жива мета.
3. св. и несв. Убие, убива некого, погуби, погубува некого со стрелање. Да се стрела како предавник! Ги фаќаат и ги стрелаат без судење.
4. (спорт.) Упатува удар кон голот.
5. (прен.) Упати остар поглед. Стрела со поглед.
Коњугација: стрелаат.
Изведени зборови:
- стрелање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стрела, стрелаат несв. 1. Насочува, затегнува лак и испушта стрела; гаѓа со стрела. Децата со дрвени лакови стрелаа по чавките. 2. Насочува огнено оружје (пушка, пиштол и сл.); пука во некого. Војниците стрелаа во уличката полна со луѓе. Уште не стрелал во жива мета. 3. св. и несв. Убие, убива некого, погуби, погубува некого со стрелање. Да се стрела како предавник! Ги фаќаат и ги стрелаат без судење. 4. (спорт.) Упатува удар кон голот. 5. (прен.) Упати остар поглед. Стрела со поглед. ‖ глаг. им. стрелање ср.