стресе

Глагол, свршен

Значење на стресе:

1. Протресе нешто, затресе, истресе. Му ја стресе раката. Ја стресе јаболкницата во дворот. Го стресе за раменици.

2. Направи да се тресе. Експлозијата ги стресе околните куќи.

3. (прен.) Вознемири, потресе. Последните вести го стресоа.

4. безл. Почувствува треска. Ме стресе од студот.

Коњугација: (ќе) стресеа , (ќе) стресев , (ќе) стресел , стресат , стресен, стресете , стреси , стресле , стресоа , стресов , стресол .

Изведени зборови:

  • се ~ стресе, Затрепери од студ, болест, страв итн., се затресе. Џипот наеднаш се стресе и тргна фрлајќи прашина. Нозете ми се стресоа. Целата се стресе.
  • (се) стресува, глаг. несв. (се) стресуваат
  • стресување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стресе, стресат; стреси, стресете; стресов, стресоа; стресол, стресле; (ќе) стресев, (ќе) стресеа; (ќе) стресел; стресен св. 1. Протресе нешто, затресе, истресе. Му ја стресе раката. Ја стресе јаболкницата во дворот. Го стресе за раменици. 2. Направи да се тресе. Експлозијата ги стресе околните куќи. 3. (прен.) Вознемири, потресе. Последните вести го стресоа. 4. безл. Почувствува треска. Ме стресе од студот. ● се ~ Затрепери од студ, болест, страв итн., се затресе. Џипот наеднаш се стресе и тргна фрлајќи прашина. Нозете ми се стресоа. Целата се стресе. ‖ (се) стресува, (се) стресуваат несв. ‖ глаг. им. стресување ср.