стригне

Глагол, свршен

Значење на стригне:

1. Потстриже. Берберот така ја стригнал.

2. За коњ, магаре, маска и сл. ‒ мрда со ушите во состојба на вознемиреност; стрига. Коњот стригна со ушите кога му пријде непознатиот.

Коњугација: (ќе) стригнеа , (ќе) стригнев , (ќе) стригнел , стригнаа , стригнав , стригнал , стригнат, стригнат , стригнете , стригни .

Изведени зборови:

  • стригнува, глаг. несв. стригнуваат
  • стригнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

стригне, стригнат; стригни, стригнете; стригнав, стригнаа; стригнал; (ќе) стригнев, (ќе) стригнеа; (ќе) стригнел; стригнат св. 1. Потстриже. Берберот така ја стригнал. 2. За коњ, магаре, маска и сл. ‒ мрда со ушите во состојба на вознемиреност; сп. стрига. Коњот стригна со ушите кога му пријде непознатиот. ‖ стригнува, стригнуваат несв. ‖ глаг. им. стригнување ср.