стриже

Глагол, несвршен

Значење на стриже:

1. Сече, реже со ножици или со машина коса, волна и сл. Козите се стрижат стоејќи, а овците лежејќи.

2. (прен.) Ограбува. Ни ветуваа ова‒она, ама цело време само нè стрижеа.

Коњугација: стриган, стригле , стригоа , стригов , стригол , стрижат , стрижеа , стрижев , стрижејќи , стрижел , стрижен , стрижење , стрижете , стрижи .

Изведени зборови:

  • се ~ стриже, Си ја сече косата на бербер. Се бричи и се стриже зетот.
  • стрижење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кога ќе ги стрижат петлите ‒ никогаш. Ако си овца, секој ќе те стрижи ‒ ако си глупав, секој ќе те искористува.

Оригинални податоци:

стриже, стрижат; стрижи, стрижете; стрижев, стрижеа; стрижел; стрижен; стрижејќи; стрижење; стригов, стригоа; стригол, стригле; стриган несв. 1. Сече, реже со ножици или со машина коса, волна и сл. Козите се стрижат стоејќи, а овците лежејќи. 2. (прен.) Ограбува. Ни ветуваа ова‒она, ама цело време само нè стрижеа. ● се ~ Си ја сече косата на бербер. Се бричи и се стриже зетот. ◊ Кога ќе ги стрижат петлите ‒ никогаш. Ако си овца, секој ќе те стрижи ‒ ако си глупав, секој ќе те искористува. ‖ глаг. им. стрижење ср.