стркала

Глагол, свршен

Значење на стркала:

Премести нешто, помине или направи да помине растојание со тркалање, спушти по надолно место. Девојчето ја стркала топката во тревата. Детето го налегнало другарчето во снегот и го стркалало по ридот.

Коњугација: стркалаат.

Изведени зборови:

  • се ~ стркала, Падне, легне со тркалање. Жената падна и се стркала по скалите. Две солзи се стркалаа низ образите. Дајрето се стркала по калдрмата.
  • (се) стркалува, глаг. несв. (се) стркалуваат
  • стркалување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се стркалало грнчето, си го нашло капачето ‒ се нашле еден спроти друг.

Оригинални податоци:

стркала, стркалаат св. Премести нешто, помине или направи да помине растојание со тркалање, спушти по надолно место. Девојчето ја стркала топката во тревата. Детето го налегнало другарчето во снегот и го стркалало по ридот. ● се ~ Падне, легне со тркалање. Жената падна и се стркала по скалите. Две солзи се стркалаа низ образите. Дајрето се стркала по калдрмата. ◊ Се стркалало грнчето, си го нашло капачето ‒ се нашле еден спроти друг. ‖ (се) стркалува, (се) стркалуваат несв. ‖ глаг. им. стркалување ср.