строг
Значење на строг:
1. Што бара целосно почитување, послушност и извршување без исклучоци. Строг татко. Строг наставник.
2. Што бара многу, што не е задоволен со малку. Строг критичар.
3. Што е сериозен до суровост, заповеднички, остар. Строг глас. Строг поглед.
4. Што не трпи измени, што мора доследно да се изврши. Строга диета. Строг пост. Строги прописи.
5. Што е жесток, тежок, лош, неправеден. Одлежа десет години строг затвор. Строги мерки.
6. За стил ‒ прост, обичен, едноставен, без украси.
Членувана форма: строгиот.
Изведени зборови:
- строго, прил. Постапува строго со затворениците. Строго доверливо. Строго по законот.
- строгост, и. ж.
Оригинални податоци:
строг, строгиот прид. 1. Што бара целосно почитување, послушност и извршување без исклучоци. Строг татко. Строг наставник. 2. Што бара многу, што не е задоволен со малку. Строг критичар. 3. Што е сериозен до суровост, заповеднички, остар. Строг глас. Строг поглед. 4. Што не трпи измени, што мора доследно да се изврши. Строга диета. Строг пост. Строги прописи. 5. Што е жесток, тежок, лош, неправеден. Одлежа десет години строг затвор. Строги мерки. 6. За стил ‒ прост, обичен, едноставен, без украси. ‖ строго прил. Постапува строго со затворениците. Строго доверливо. Строго по законот. ‖ строгост ж.