стругне
Значење на стругне:
1. Поструже малку или само еднаш. Стругнете ги штициве!
2. Поизмазни, симне, одземе малку со стружење. Ја стругна вратата неколку милиметри за да се затвора.
3. (прен. разг.) Побегне, избега. А, како би било да стругнеме до јасениве? Ја насетил опасноста и стругнал некаде.
4. Бричи или потсриже со малку или со недоволно остар алат. Стругни ме малку, да не ми оди косата во вратот. Ама си се стругнал, си се искасапил.
Коњугација: (ќе) стругнеа , (ќе) стругнев , (ќе) стругнел, стругнаа , стругнав , стругнал , стругнат , стругнат , стругнете , стругни .
Изведени зборови:
- се ~ стругне, (прен. разг.) Се избричи. Јас ќе се стругнам сам, не одам на бербер.
- стругнува, глаг. несв. стругнуваат
- стругнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стругне, стругнат; стругни, стругнете; стругнав, стругнаа; стругнал; стругнат; (ќе) стругнев, (ќе) стругнеа; (ќе) стругнел св. 1. Поструже малку или само еднаш. Стругнете ги штициве! 2. Поизмазни, симне, одземе малку со стружење. Ја стругна вратата неколку милиметри за да се затвора. 3. (прен. разг.) Побегне, избега. А, како би било да стругнеме до јасениве? Ја насетил опасноста и стругнал некаде. 4. Бричи или потсриже со малку или со недоволно остар алат. Стругни ме малку, да не ми оди косата во вратот. Ама си се стругнал, си се искасапил. ● се ~ (прен. разг.) Се избричи. Јас ќе се стругнам сам, не одам на бербер. ‖ стругнува, стругнуваат несв. ‖ глаг. им. стругнување ср.