струи
Значење на струи:
1. Тече, се движи како струја. По вените им струи врела крв.
2. Циркулира. Низ куќата струи свеж воздух.
3. (прен.) Се шири, се распространува. Меѓу младите струјат нови идеи. Во душата му струеше радост. Слатка возбуда струеше по нејзиното тело.
Коњугација: струеја , струејќи , струел , струен , струење, струеше , струјат .
Изведени зборови:
- струење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
струи, струјат; струеше, струеја; струел; струен; струејќи; струење несв. 1. Тече, се движи како струја. По вените им струи врела крв. 2. Циркулира. Низ куќата струи свеж воздух. 3. (прен.) Се шири, се распространува. Меѓу младите струјат нови идеи. Во душата му струеше радост. Слатка возбуда струеше по нејзиното тело. ‖ глаг. им. струење ср.