струја

Именка, женски род

Значење на струја:

1. а) Движење на вода или воздух во определен правец. Дотекле студени струи. Воздушна струја. Подземни струи. б) Движење на големи водени маси, помалку или повеќе површински во езеро, море, океан во определен правец. Голфска струја.

2. Течење на електрицитет во спроводник. Јака струја. Слаба струја. Се покажа гола жица низ која минува струја. Имало прекин на струјата од пет до десет часот.

3. (прен.) Општа тенденција, правец на настани, мислења итн. Револуционерна струја.

4. (прен.) Чувство предизвикано од возбудување, нервна напрегнатост и сл. Како да ми тече струја во рацете.

5. (прен.) Енергична личност. Струја е момчево!

Множина: струи.

Изведени зборови:

  • струјка, и. ж. мн. струјки, струичка, мн. струички дем.

Оригинални податоци:

струја, мн. струи ж. 1. а) Движење на вода или воздух во определен правец. Дотекле студени струи. Воздушна струја. Подземни струи. б) Движење на големи водени маси, помалку или повеќе површински во езеро, море, океан во определен правец. Голфска струја. 2. Течење на електрицитет во спроводник. Јака струја. Слаба струја. Се покажа гола жица низ која минува струја. Имало прекин на струјата од пет до десет часот. 3. (прен.) Општа тенденција, правец на настани, мислења итн. Револуционерна струја. 4. (прен.) Чувство предизвикано од возбудување, нервна напрегнатост и сл. Како да ми тече струја во рацете. 5. (прен.) Енергична личност. Струја е момчево! ‖ струјка, мн. струјки, струичка, мн. струички ж. дем.