структура
Значење на структура:
1. Внатрешен распоред, поврзаност и состав на деловите во една целина; строеж. Структура на почвата. Општествена структура.
2. (обично во мн.) Установа, тело, организација. Во раководните структури на партијата постои разединетост по тоа прашање.
Множина: структури.
Оригинални податоци:
структура, мн. структури ж. 1. Внатрешен распоред, поврзаност и состав на деловите во една целина; строеж. Структура на почвата. Општествена структура. 2. (обично во мн.) Установа, тело, организација. Во раководните структури на партијата постои разединетост по тоа прашање.