струже
Значење на струже:
1. Прави да стане мазно (нешто), рамни со струг, пила итн. Мајсторот струже со рендето по штицата.
2. Симнува тенок слој од површината на нешто, чисти. Младиот компир го стружеме, не го лупиме. Морковите пред употреба ги стружеме.
3. Чисти со триење. Го струже паркетот со жица.
4. Изработува нешто со струг. Струже украсни столпчиња за оградата.
5. Реже штици со пила од дрвени трупци, или дрво на помали парчиња.
6. Ситни на ренде зеленчук или овошје. Го струже зеленчукот на ренде.
7. (прен.) Пушта непријатен, остар звук. Гласот му струже.
8. (пејор.) Свири на гудачки инструмент. Туку струже на виолината.
9. За црви, глувци и сл. ‒ произведува, оддава еднолични, монотони звуци гризејќи и правејќи дуки во нешто. Во гредите струже некој црв.
10. (прен.) Испушти звук при спиење; жрка. Стариот стружеше под лозницата во дворот.
Коњугација: стругаа , стругав , стругал , струган, стружат , стружеа , стружев , стружејќи , стружел , стружен , стружење , стружете , стружи .
Изведени зборови:
- се ~ струже, 1. Симнува од себе нечистотија со триење. Се струже од калта. 2. Се бричи надве-натри, како било или со тап брич. Се струже веќе два часа.
- стружење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
струже, стружат; стружи, стружете; стружев, стружеа; стружел; стружен; стружејќи; стружење; стругав, стругаа; стругал; струган несв. 1. Прави да стане мазно (нешто), рамни со струг, пила итн. Мајсторот струже со рендето по штицата. 2. Симнува тенок слој од површината на нешто, чисти. Младиот компир го стружеме, не го лупиме. Морковите пред употреба ги стружеме. 3. Чисти со триење. Го струже паркетот со жица. 4. Изработува нешто со струг. Струже украсни столпчиња за оградата. 5. Реже штици со пила од дрвени трупци, или дрво на помали парчиња. 6. Ситни на ренде зеленчук или овошје. Го струже зеленчукот на ренде. 7. (прен.) Пушта непријатен, остар звук. Гласот му струже. 8. (пејор.) Свири на гудачки инструмент. Туку струже на виолината. 9. За црви, глувци и сл. ‒ произведува, оддава еднолични, монотони звуци гризејќи и правејќи дуки во нешто. Во гредите струже некој црв. 10. (прен.) Испушти звук при спиење; жрка. Стариот стружеше под лозницата во дворот. ● се ~ 1. Симнува од себе нечистотија со триење. Се струже од калта. 2. Се бричи надве-натри, како било или со тап брич. Се струже веќе два часа. ‖ глаг. им. стружење ср.