стрв
Значење на стрв:
1. Труп на мртво животно; мрша. Мршојадците ја осетија стрвта. Останал негде в планина и после стрвта не му ја нашле.
2. Парче животинско месо што се става како мамка при ловење. Ловците местеа стапици со стрв. Волкот ја помириса стрвта.
3. (прен.) Лакомост, претерана желба за туѓа крв, крвожедност. Многу суровост, многу стрв и многу насилство се јави кај луѓето. Го гледаше со волча стрв.
Членувана форма: стрвта.
Алтернативно: стрвот
Оригинални податоци:
стрв, стрвта и стрвот м. и ж. 1. Труп на мртво животно; мрша. Мршојадците ја осетија стрвта. Останал негде в планина и после стрвта не му ја нашле. 2. Парче животинско месо што се става како мамка при ловење. Ловците местеа стапици со стрв. Волкот ја помириса стрвта. 3. (прен.) Лакомост, претерана желба за туѓа крв, крвожедност. Многу суровост, многу стрв и многу насилство се јави кај луѓето. Го гледаше со волча стрв.