стрвен

Придавка

Значење на стрвен:

1. Што е граблив, жеден за крв, крволочен. Стрвни орли. Стрвни волци. Стрвен ѕвер.

2. (прен.) Што е лаком, ненаситен, алчен. Мажот бил многу стрвен, ништо не оставал за другите. Бабата била многу стрвна за пржено мевце.

Членувана форма: стрвниот.

Изведени зборови:

  • стрвно, прил. Кучињата стрвно се нафрлија на храната. Стрвно џвакаше од печеното месо.
  • стрвност, и. ж. и стрвост

Оригинални податоци:

стрвен, стрвниот прид. 1. Што е граблив, жеден за крв, крволочен. Стрвни орли. Стрвни волци. Стрвен ѕвер. 2. (прен.) Што е лаком, ненаситен, алчен. Мажот бил многу стрвен, ништо не оставал за другите. Бабата била многу стрвна за пржено мевце. ‖ стрвно прил. Кучињата стрвно се нафрлија на храната. Стрвно џвакаше од печеното месо. ‖ стрвност и стрвост ж.