студ

Именка, машки род

Значење на студ:

1. Ладно, студено време. Не сети ни студ ни ветар. Утрински студ.

2. (само едн.) Состојба на ниска температура, студенило.

Множина: студови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Камен пука од студ ‒ многу студено време. Сув студ ‒ мраз без врнежи. Тресе клинци од студ ‒ трепери од студенило. Му (ми, ти...) влезе студ во коските ‒ многу измрзна, премрзна. Студот ги изеде алиштата ‒ на студот алиштата побргу се сушат. Изеде студ ‒ се настуди, измрзне многу.

Оригинални податоци:

студ, мн. студови м. 1. Ладно, студено време. Не сети ни студ ни ветар. Утрински студ. 2. (само едн.) Состојба на ниска температура, студенило. ◊ Камен пука од студ ‒ многу студено време. Сув студ ‒ мраз без врнежи. Тресе клинци од студ ‒ трепери од студенило. Му (ми, ти...) влезе студ во коските ‒ многу измрзна, премрзна. Студот ги изеде алиштата ‒ на студот алиштата побргу се сушат. Изеде студ ‒ се настуди, измрзне многу.