студентство

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на студентство:

1. Сите студенти на еден универзитет, студентска младина. На последните настани, студентството реагираше со протести. Напредно студентство.

2. Време поминато на студии. Нашето студентство беше преполно со убави настани.

Оригинални податоци:

студентство (само едн.) ср. 1. Сите студенти на еден универзитет, студентска младина. На последните настани, студентството реагираше со протести. Напредно студентство. 2. Време поминато на студии. Нашето студентство беше преполно со убави настани.