стутка
Значење на стутка:
1. Со туткање направи нешто да биде згмечено, собрано. Ги стутка парите во џебот. Го стутка писмото и го фрли во корпа. Лежејќи таа го стутка фустанот.
2. (разг.) Свитка, завитка. Стутка еден зелник набрзина. Го стутка подарокот како годе, не личеше на ништо.
Коњугација: стуткаат.
Изведени зборови:
- се ~ стутка, 1. Стане собран, стуткан. Панталоните му се стуткале во куферот. Сметката за телефон се стуткала во поштенското сандаче. 2. Се свитка, се згрчи, се склопчи. Се стутка во грмушките. Девојчето се стуткало од страв во аголот. Пилињата се стуткаа под квачката.
- (се) стуткува, глаг. несв. (се) стуткуваат
- стуткување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
стутка, стуткаат св. 1. Со туткање направи нешто да биде згмечено, собрано. Ги стутка парите во џебот. Го стутка писмото и го фрли во корпа. Лежејќи таа го стутка фустанот. 2. (разг.) Свитка, завитка. Стутка еден зелник набрзина. Го стутка подарокот како годе, не личеше на ништо. ● се ~ 1. Стане собран, стуткан. Панталоните му се стуткале во куферот. Сметката за телефон се стуткала во поштенското сандаче. 2. Се свитка, се згрчи, се склопчи. Се стутка во грмушките. Девојчето се стуткало од страв во аголот. Пилињата се стуткаа под квачката.‖ (се) стуткува, (се) стуткуваат несв. ‖ глаг. им. стуткување ср.