суб-

Претставка

Значење на суб-:

Прв дел од сложени зборови, најчесто од интернационализми со значење дека нешто е под, пониско од означеното: супстандарден, субалпски, субарктички, субантарктички, суптропски, или со значење помал: субатомски, супклеточен, субмикроскопски; дека е по својата положба понизок, дека е потчинет на некого или на нешто, дека не е главен, туку помал по својата важност или значење: супкултура, субордонација итн.

Алтернативно: суп-

Оригинални податоци:

суб- (суп-) Прв дел од сложени зборови, најчесто од интернационализми со значење дека нешто е под, пониско од означеното: супстандарден, субалпски, субарктички, субантарктички, суптропски, или со значење помал: субатомски, супклеточен, субмикроскопски; дека е по својата положба понизок, дека е потчинет на некого или на нешто, дека не е главен, туку помал по својата важност или значење: супкултура, субордонација итн.