субјект

Именка, машки род

Значење на субјект:

1. Физичко или правно лице како носител на права или обврски.

2. (филоз.) Единка што чувствува или размислува.

3. (грам.) Главен член во реченицата што се согласува по лице и број со предикатот и на кој му се припишува дејството, состојбата или особината што ги искажува предикатот; подмет.

Множина: субјекти.

Оригинални податоци:

субјект, мн. субјекти м. 1. Физичко или правно лице како носител на права или обврски. 2. (филоз.) Единка што чувствува или размислува. 3. (грам.) Главен член во реченицата што се согласува по лице и број со предикатот и на кој му се припишува дејството, состојбата или особината што ги искажува предикатот; подмет.