субјективизам
Само во еднина.
Значење на субјективизам:
1. (филоз.) Поглед на светот според кој целокупното спознание е од лична, субјективна природа; следење на настаните и појавите во општествениот живот врз субјективен став.
2. Особина на тој што суди само според сопствените согледувања; пристрасност.
Членувана форма: субјективизмот.
Оригинални податоци:
субјективизам, субјективизмот (само едн.) м. 1. (филоз.) Поглед на светот според кој целокупното спознание е од лична, субјективна природа; следење на настаните и појавите во општествениот живот врз субјективен став. 2. Особина на тој што суди само според сопствените согледувања; пристрасност.