сублимација

Именка, женски род

Значење на сублимација:

1. (хем.) Преминување на тврдите тела во гасовити и со ладење одново враќање во тврда состојба.

2. Во психоанализата ‒ пренасочување на некои инстинктивни, нагонски, обично општествено неприфатливи дејности, кон друга дејност, општествено прифатлива, којашто може да ги задоволи примарните побуди (на пр., пренасочување на некоја деструктивна дејност кон занимавање со спорт, уметност и сл.). Сублимација на еротскиот нагон во творештво.

3. (прен.) Воздигање, претворање во нешто возвишено, облагородување. Расказите се сублимација на поетското и прозното дело на авторот.

Множина: сублимации.

Оригинални податоци:

сублимација, мн. сублимации ж. 1. (хем.) Преминување на тврдите тела во гасовити и со ладење одново враќање во тврда состојба. 2. Во психоанализата ‒ пренасочување на некои инстинктивни, нагонски, обично општествено неприфатливи дејности, кон друга дејност, општествено прифатлива, којашто може да ги задоволи примарните побуди (на пр., пренасочување на некоја деструктивна дејност кон занимавање со спорт, уметност и сл.). Сублимација на еротскиот нагон во творештво. 3. (прен.) Воздигање, претворање во нешто возвишено, облагородување. Расказите се сублимација на поетското и прозното дело на авторот.