суче

Глагол, несвршен

Значење на суче:

1. Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора. Жените се собираа и сукаа јуфки. Мајка ми сучеше многу танки кори за баклава.

2. За преѓа, конец, жица и сл. ‒ спојува две или повеќе нишки со виткање прави една, усучува. Старицата го сучеше преденото за плетење на дебели зимски чорапи. Работниците сучеа конец за свеќи. Жената со мака ја сукаше козината.

3. За мустаќи ‒ витка, извиткува. Соседот ги сучеше мустаќите прудолу.

Коњугација: сукаа , сукав , сукал, сукан , сучат , сучеа , сучев , сучејќи , сучел , сучен , сучете , сучи .

Изведени зборови:

  • сучење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Суче/сука мустаќи ‒ се перчи. Врти-сучи ‒ сп. врти.

Оригинални податоци:

суче, сучат; сучи, сучете; сучев, сучеа; сучел; сучен; сучејќи; сукав, сукаа; сукан; сукал несв. 1. Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора. Жените се собираа и сукаа јуфки. Мајка ми сучеше многу танки кори за баклава. 2. За преѓа, конец, жица и сл. ‒ спојува две или повеќе нишки со виткање прави една, усучува. Старицата го сучеше преденото за плетење на дебели зимски чорапи. Работниците сучеа конец за свеќи. Жената со мака ја сукаше козината. 3. За мустаќи ‒ витка, извиткува. Соседот ги сучеше мустаќите прудолу. ◊ Суче/сука мустаќи ‒ се перчи. Врти-сучи ‒ сп. врти. ‖ глаг. им. сучење ср.