суд

Именка, машки род

Значење на суд:

1. (лог.) Еден од битните елементи на формалната логика во кој, во вид на реченичен исказ, нешто се тврди или се одрекува.

2. Мислење, оцена за нешто или за некого. Судот на публиката му е најважен на уметникот.

3. а) Државен орган што решава кривични и граѓански спорови, најразлични престапи. Апелациски суд. Врховен суд. Уставен суд. Воен суд. б) Зграда каде што се суди; судилиште. Ќе се најдеме пред судот. в) Судски колектив, колегиум што води одреден судски процес. Судот заседава веќе три часа.

4. Орган за оценување избран од членовите на некој колектив или организација. Суд на честа. Дисциплински суд.

Множина: судови.

Изведени зборови:

  • судски, прид. судскиот Судска постапка. Судски писар. Судска палата. Судска одлука.

Фразеолошки израз / поговорка:

Божји суд ‒ според религиозното верување, казна што ја одредува Господ за сторените гревови. Страшниот суд (црков.) ‒ последен суд, по второто пришествие, на крајот на светот кога ќе им се суди на живите и на мртвите. Соломонски суд ‒ мудар, праведен суд. Прек суд ‒ сп. прек.

Оригинални податоци:

суд, мн. судови м. 1. (лог.) Еден од битните елементи на формалната логика во кој, во вид на реченичен исказ, нешто се тврди или се одрекува. 2. Мислење, оцена за нешто или за некого. Судот на публиката му е најважен на уметникот. 3. а) Државен орган што решава кривични и граѓански спорови, најразлични престапи. Апелациски суд. Врховен суд. Уставен суд. Воен суд. б) Зграда каде што се суди; судилиште. Ќе се најдеме пред судот. в) Судски колектив, колегиум што води одреден судски процес. Судот заседава веќе три часа. 4. Орган за оценување избран од членовите на некој колектив или организација. Суд на честа. Дисциплински суд. ◊ Божји суд ‒ според религиозното верување, казна што ја одредува Господ за сторените гревови. Страшниот суд (црков.) ‒ последен суд, по второто пришествие, на крајот на светот кога ќе им се суди на живите и на мртвите. Соломонски суд ‒ мудар, праведен суд. Прек суд ‒ сп. прек. ‖ судски, судскиот прид. Судска постапка. Судски писар. Судска палата. Судска одлука.