судбина
Значење на судбина:
1. Виша сила што, според верувањата, го управува животот на луѓето и го определува текот на настаните. Ништо не може да ја смени судбината на човекот. Судбината на детето ја одредуваат наречниците на трета вечер по раѓањето на детето.
2. Околности и услови на живот. Таква му била судбината.
3. Тоа што ќе се случи, бидејќи е предодредено од некоја виша сила, однапред определена иднина. Тука се реши нејзината судбина. Тој доживеал тешка судбина.
Множина: судбини.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се препушти на судбината ‒ се помири со настанатата ситуација; очајува. Од судбината не се бега ‒ не може да се избегне тоа што е предодредено. Иронија на судбината ‒ неочекувано, необјасниво случување, настан, случка спротивно на очекуваното.
Оригинални податоци:
судбина, мн. судбини ж. 1. Виша сила што, според верувањата, го управува животот на луѓето и го определува текот на настаните. Ништо не може да ја смени судбината на човекот. Судбината на детето ја одредуваат наречниците на трета вечер по раѓањето на детето. 2. Околности и услови на живот. Таква му била судбината. 3. Тоа што ќе се случи, бидејќи е предодредено од некоја виша сила, однапред определена иднина. Тука се реши нејзината судбина. Тој доживеал тешка судбина. ◊ Се препушти на судбината ‒ се помири со настанатата ситуација; очајува. Од судбината не се бега ‒ не може да се избегне тоа што е предодредено. Иронија на судбината ‒ неочекувано, необјасниво случување, настан, случка спротивно на очекуваното.