суден

Придавка

Значење на суден:

1. Глаголска придавка од суди.

2. Што е судбински предодреден; суденик. Таа е судената, таа е невестата.

3. (ретко) Обвинето лице во судски процес. Судениот само молчеше пред судијата.

Членувана форма: судениот.

Изведени зборови:

  • судено, прил. Така му било судено.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тоа ми било судено ‒ тоа ми го определила судбината. Од суденото не се бега ‒ (како им. судено ср.) ‒ тоа што ни е одредено од судбината мора да се исполни.

Оригинални податоци:

суден, судениот прид. 1. Глаг. прид. од суди. 2. Што е судбински предодреден; сп. суденик. Таа е судената, таа е невестата. 3. (ретко) Обвинето лице во судски процес. Судениот само молчеше пред судијата. ◊ Тоа ми било судено ‒ тоа ми го определила судбината. Од суденото не се бега ‒ (како им. судено ср.) ‒ тоа што ни е одредено од судбината мора да се исполни. ‖ судено прил. Така му било судено.