суди

Глагол, несвршен

Значење на суди:

1. За судија или суд ‒ решава судски процес. Ќе им суди на разбојниците. Му судеше воен суд.

2. (разг.) Кара, кори, прекорува некого за нешто. Мајката постојано го судеше детето. Денес децата ги судат родителите.

3. (спорт.) Води натпревар. На натпреварот судеше еден познат судија од нашата земја. Тој суди на кошаркарски натпревари.

4. (прен.) Изнесува мислење, заклучок, создава суд за некого или нешто. Тој правилно судеше за нејзината постапка. Читателската публика ќе суди за наградената книга.

Коњугација: судат.

Изведени зборови:

  • се ~ суди, Води судски спор со некого, се тужи. Се судевме три години за станот. Соседите се судат повеќе години.
  • судење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кадија те тужи ‒ кадија те суди ‒ в. кадија. Криво седи ‒ право суди ‒ биди праведен во својот суд кон некого или кон нешто.

Оригинални податоци:

суди, судат несв. 1. За судија или суд ‒ решава судски процес. Ќе им суди на разбојниците. Му судеше воен суд. 2. (разг.) Кара, кори, прекорува некого за нешто. Мајката постојано го судеше детето. Денес децата ги судат родителите. 3. (спорт.) Води натпревар. На натпреварот судеше еден познат судија од нашата земја. Тој суди на кошаркарски натпревари. 4. (прен.) Изнесува мислење, заклучок, создава суд за некого или нешто. Тој правилно судеше за нејзината постапка. Читателската публика ќе суди за наградената книга. ● се ~ Води судски спор со некого, се тужи. Се судевме три години за станот. Соседите се судат повеќе години. ◊ Кадија те тужи ‒ кадија те суди ‒ в. кадија. Криво седи ‒ право суди ‒ биди праведен во својот суд кон некого или кон нешто. ‖ глаг. им. судење ср.