судир

Именка, машки род

Значење на судир:

1. Силен удар на две или повеќе тела, предмети меѓу себе. Директен судир на две возила со смртни последици за возачот. Судир на два воза.

2. Воено спротивставување на две непријателски страни, земји, држави. Воен судир.

3. Разидување на две спротивни страни, спротивни интереси, идеологии, мислења и сл. Судир на две култури. Судир на старото со новото.

Множина: судири.

Фразеолошки израз / поговорка:

Верижен судир ‒ судир на повеќе возила истовремено.

Оригинални податоци:

судир, мн. судири м. 1. Силен удар на две или повеќе тела, предмети меѓу себе. Директен судир на две возила со смртни последици за возачот. Судир на два воза. 2. Воено спротивставување на две непријателски страни, земји, држави. Воен судир. 3. Разидување на две спротивни страни, спротивни интереси, идеологии, мислења и сл. Судир на две култури. Судир на старото со новото. ◊ Верижен судир ‒ судир на повеќе возила истовремено.