судри се
Значење на судри се:
1. Се удри во некого или во нешто при движење. Се судриле автобус и камион. Влегувајќи во училиштето се судри со едно девојче. Денеска се судриле две товарни возила.
2. (прен.) Се соочи, се спротистави со некого или со нешто. Човекот се судри со непремостливи тешкотии. Се судри со проблемите.
3. (прен.) Влезе во борба, започне судир. Полицијата се судри со демонстрантите. Двете војски се судрија на ридот.
Коњугација: се судрат.
Изведени зборови:
- се судира, глаг. несв. се судираат -- се судрува, се судруваат
- судирање, глаг. им. ср. судирање /судрување
Оригинални податоци:
судри се, се судрат св. 1. Се удри во некого или во нешто при движење. Се судриле автобус и камион. Влегувајќи во училиштето се судри со едно девојче. Денеска се судриле две товарни возила. 2. (прен.) Се соочи, се спротистави со некого или со нешто. Човекот се судри со непремостливи тешкотии. Се судри со проблемите. 3. (прен.) Влезе во борба, започне судир. Полицијата се судри со демонстрантите. Двете војски се судрија на ридот. ‖ се судира, се судираат / се судрува, се судруваат несв. ‖ глаг. им. судирање /судрување ср.