суложи

Глагол, свршен

Значење на суложи:

1. Положи, испружи, постави.

2. (прен.) Спружи, собори, убие. Ќе ги суложат од ќотек.

Коњугација: суложат.

Изведени зборови:

  • суложува, глаг. несв. суложуваат
  • суложување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Господ (Пречиста) да те суложи! ‒ клетва.

Оригинални податоци:

суложи, суложат св. 1. Положи, испружи, постави. 2. (прен.) Спружи, собори, убие. Ќе ги суложат од ќотек. ◊ Господ (Пречиста) да те суложи! ‒ клетва. ‖ суложува, суложуваат несв. ‖ глаг. им. суложување ср.