сума
Значење на сума:
1. (мат.) Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви; збир.
2. Резултат од собирање повеќе предмети, целина од предмети.
3. Количина на финансиски средства, количество пари; износ. Плати помала сума.
Множина: суми.
Изведени зборови:
- сумица, и. ж. мн. сумици , сумичка, мн. сумички дем. кон зн. 3.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сума сумарум ‒ вкупен збир, сè заедно.
Оригинални податоци:
сума, мн. суми ж. 1. (мат.) Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви; збир. 2. Резултат од собирање повеќе предмети, целина од предмети. 3. Количина на финансиски средства, количество пари; износ. Плати помала сума. ◊ Сума сумарум ‒ вкупен збир, сè заедно. ‖ сумица, мн. сумици ж., сумичка, мн. сумички ж. дем. кон зн. 3.