суми
Значење на суми:
1. Намисли нешто; науми Децата сумиле да играат криенка.
2. Сети, почувствува нешто. Брзаше да сработи и не суми дека студот му влегува в коски.
Коњугација: сумат.
Изведени зборови:
- се ~ суми, Падне на памет некому, се сети. Не му се сумило ни леб да касне.
- (се) сумува, глаг. несв. (се) сумуваат
- сумување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
суми, сумат св. 1. Намисли нешто; сп. науми 1. Децата сумиле да играат криенка. 2. Сети, почувствува нешто. Брзаше да сработи и не суми дека студот му влегува в коски. ● се ~ Падне на памет некому, се сети. Не му се сумило ни леб да касне. ‖ (се) сумува, (се) сумуваат несв. ‖ глаг. им. сумување ср.