сунѓер

Именка, машки род

Значење на сунѓер:

1. (зоол.) Повеќеклеточно морско животно со порозно тело прицврстено за морското дно во форма на растение; Spongia officinale.

2. Скелетот на тоа животно со специфична еластична структура што впива вода.

3. Индустриски производ со порозна, шуплива структура кој има повеќенаменска употреба. Школски сунѓер. Сунѓер за капење. Перница од сунѓер.

4. (прен., ирон.) За човек ‒ што многу пие.

Множина: сунѓери.

Изведени зборови:

  • сунѓерче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

сунѓер, мн. сунѓери м. 1. (зоол.) Повеќеклеточно морско животно со порозно тело прицврстено за морското дно во форма на растение; Spongia officinale. 2. Скелетот на тоа животно со специфична еластична структура што впива вода. 3. Индустриски производ со порозна, шуплива структура кој има повеќенаменска употреба. Школски сунѓер. Сунѓер за капење. Перница од сунѓер. 4. (прен., ирон.) За човек ‒ што многу пие. ‖ сунѓерче, мн. сунѓерчиња ср. дем.