суреди
Значење на суреди:
1. Доведувајќи во ред, средувајќи нешто му даде убав изглед. Домаќинката ја суреди кујната и легна да одмори. Девојчето ја суредила облеката во плакарите.
2. (разг.) Убие, отепа. Ќе го суредиме него, без грижа. Арно те суредиле арамиите.
3. (прен., разг.) а) Потроши. Тој ја суреди целата заштеда. б) Изеде. За вечера го суредивме лебот.
Коњугација: суредат.
Изведени зборови:
- се ~ суреди, Се доведе себеси во уредна состојба; се дотера. Таа малку се суреди и излезе да прошета.
- (се) суредува, глаг. несв. (се) суредуваат
- суредување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
суреди, суредат св. 1. Доведувајќи во ред, средувајќи нешто му даде убав изглед. Домаќинката ја суреди кујната и легна да одмори. Девојчето ја суредила облеката во плакарите. 2. (разг.) Убие, отепа. Ќе го суредиме него, без грижа. Арно те суредиле арамиите. 3. (прен., разг.) а) Потроши. Тој ја суреди целата заштеда. б) Изеде. За вечера го суредивме лебот. ● се ~ Се доведе себеси во уредна состојба; се дотера. Таа малку се суреди и излезе да прошета. ‖ (се) суредува, (се) суредуваат несв. ‖ глаг. им. суредување ср.