сурла
Значење на сурла:
1. Издолжен мускулест и свитлив орган за мирис, за дишење и за внесување храна кај животните, обично кај слонот.
2. (прен., ирон.) Преголем, месест нос на човек.
3. (муз.) Ориентален музички инструмент; зурла.
Множина: сурли.
Оригинални податоци:
сурла, мн. сурли ж. 1. Издолжен мускулест и свитлив орган за мирис, за дишење и за внесување храна кај животните, обично кај слонот. 2. (прен., ирон.) Преголем, месест нос на човек. 3. (муз.) Ориентален музички инструмент; сп. зурла.