суров
Значење на суров:
1. (разг.) Што не е приготвен (печен, варен, пржен), жив, свеж. Суров домат. Сурово месо. Сурови пиперки.
2. Што во себе има вода, што е влажен, што не е исушен. Сурови дрва.
3. Што не е обработен, преработен. Суров тутун. Сурова кожа.
4. (прен.) За човек ‒ многу строг, безмилосен, бездушен, свиреп, жесток. Суров поглед. Сурова постапка.
5. (прен.) Неиздржлив, неподнослив. Сурова клима. Сурови услови.
Членувана форма: суровиот.
Изведени зборови:
- сурово, прил. кон зн. 4. Сурово го казни. Сурово го нападна без да рзмислува за последиците.
- суровост, и. ж. кон зн. 4.
Фразеолошки израз / поговорка:
Покрај сувото гори и суровото ‒ (посл.) покрај виновниот страда и невиниот.
Оригинални податоци:
суров, суровиот прид. 1. (разг.) Што не е приготвен (печен, варен, пржен), жив, свеж. Суров домат. Сурово месо. Сурови пиперки. 2. Што во себе има вода, што е влажен, што не е исушен. Сурови дрва. 3. Што не е обработен, преработен. Суров тутун. Сурова кожа. 4. (прен.) За човек ‒ многу строг, безмилосен, бездушен, свиреп, жесток. Суров поглед. Сурова постапка. 5. (прен.) Неиздржлив, неподнослив. Сурова клима. Сурови услови. ◊ Покрај сувото гори и суровото ‒ (посл.) покрај виновниот страда и невиниот. ‖ сурово прил. кон зн. 4. Сурово го казни. Сурово го нападна без да рзмислува за последиците. ‖ суровост ж. кон зн. 4.