суши

Глагол, несвршен

Значење на суши:

1. Прави нешто водено, влажно, да стане суво. Сосетката суши алишта надвор. Селските жени ја сушат влажната волна на плотовите.

2. Губи природна влага, влажност под дејство на топлина или извор на топлинска енергија. Топлата вода ја суши кожата. Сонцето ја сушеше росата на цветовите. Радијаторите го сушат воздухот.

3. Отстранува влага од нешто, конзервира нешто. Цепканото овошје го сушиме на сонце. Планинарите ги сушеа габите во просторија со провев. На село го сушат месото обесено на греди врз огништето.

4. (прен.) Ослабнува, губи телесна тежина поради болест, големи грижи, диета и сл. Некои болести брзо го сушат човекот. Тагата по синот ја сушеше мајката.

Коњугација: сушат.

Изведени зборови:

  • се ~ суши, 1. Станува нешто суво губејќи вода, влага. На високо оптегната жица се сушеа алишта. Оризот се сушеше во плитки дрвени корита. Обичното мастило се суши брзо. 2. За уста, јазик, грло ‒ губи природна влажност, чувствува сувост. Устата му се сушеше, јазикот му беше побелен. Грлото ми се суши од лекот. 3. (прен.) Станува слаб. Вдовицата венееше и се сушеше.

Оригинални податоци:

суши, сушат несв. 1. Прави нешто водено, влажно, да стане суво. Сосетката суши алишта надвор. Селските жени ја сушат влажната волна на плотовите. 2. Губи природна влага, влажност под дејство на топлина или извор на топлинска енергија. Топлата вода ја суши кожата. Сонцето ја сушеше росата на цветовите. Радијаторите го сушат воздухот. 3. Отстранува влага од нешто, конзервира нешто. Цепканото овошје го сушиме на сонце. Планинарите ги сушеа габите во просторија со провев. На село го сушат месото обесено на греди врз огништето. 4. (прен.) Ослабнува, губи телесна тежина поради болест, големи грижи, диета и сл. Некои болести брзо го сушат човекот. Тагата по синот ја сушеше мајката. ● се ~ 1. Станува нешто суво губејќи вода, влага. На високо оптегната жица се сушеа алишта. Оризот се сушеше во плитки дрвени корита. Обичното мастило се суши брзо. 2. За уста, јазик, грло ‒ губи природна влажност, чувствува сувост. Устата му се сушеше, јазикот му беше побелен. Грлото ми се суши од лекот. 3. (прен.) Станува слаб. Вдовицата венееше и се сушеше.