суспендира
Значење на суспендира:
1. Привремено отпушти, отпушта од служба, отстрани, отстранува од клуб, организација и сл. Поради корупција го суспендираа од работа. Клубот го суспендира спортистот.
2. Одложи, одлага дејство на законска важност.
Коњугација: суспендираат , суспендирајќи.
Изведени зборови:
- суспендирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
суспендира, суспендираат; суспендирајќи св. и несв. 1. Привремено отпушти, отпушта од служба, отстрани, отстранува од клуб, организација и сл. Поради корупција го суспендираа од работа. Клубот го суспендира спортистот. 2. Одложи, одлага дејство на законска важност. ‖ глаг. им. суспендирање ср.