сув

Придавка

Значење на сув:

1. Што во себе нема вода, што не е влажен, што се исушил. Суви алишта. Сува земја. Суви усни. Сув воздух.

2. Што останал без вода, што пресушил. Сува река. Сув дол.

3. За клима ‒ што нема доволно врнежи, не содржи влага. Сув ветер. Сув воздух. Суво лето.

4. Што е приготвен со сушење. Суви сливи. Сува риба. Суви смокви.

5. За вино ‒ што нема сладок вкус. Таа е љубител на суво бело вино.

6. Што е умртвен, без животни сокови. Сува рака. Сува коса. Сува трева. Суво дрво.

7. Чист, неизмешан со нешто друго. Суво злато.

8. За кожа ‒ што не е мрсна. Сувото лице го подмладува со помади.

9. За очи ‒ што се останати без солзи; пресушени. Сувите очи тажно го погледнаа.

10. (прен.) Што е слаб, мршав. Дојде едно суво старче. 1(прен.) Што е студен, здодевен, сувопарен. Сув одговор. Сув стил. Сув поглед. 12. (техн.) Што се произведува или што дејствува при отсуство на влага. Сува дестилација.

Членувана форма: сувиот.

Изведени зборови:

  • суво, прил. Суво одговори на прашањата. По улиците беше суво.
  • сувост, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сува пара ‒ готовина, пари во готово. Од полна бочва сув ќе излезе ‒ тој што многу пие. Сува храна ‒ храна што не е готвена и што се состои од леб и други цврсти (конзервирани) јадења. Јаде сув леб ‒ сиромашно, скромно јаде, само леб. Сув пост ‒ строг пост кога не се јаде ни масло за јадење. Сува пола риба не јаде ‒ треба да завлезеш во некоја работа, да преземеш ризик па да имаш добивка. Сува кашлица ‒ (мед.) кашлица без шлајм. Сув студ ‒ кога е многу студено без врнежи, особено од снег. Од сув бунар вода вади ‒ в. бунар. Жаба не крека на суво ‒ в. жаба. Покрај сувото гори и суровото ‒ покрај виновните, страдаат и невините. Бричи на суво ‒ 1. наплатува скапо; 2. многу лаже; 3. дува студен ветер, многу е студено. Се чувствува како риба на суво ‒ в. риба.

Оригинални податоци:

сув, сувиот прид. 1. Што во себе нема вода, што не е влажен, што се исушил. Суви алишта. Сува земја. Суви усни. Сув воздух. 2. Што останал без вода, што пресушил. Сува река. Сув дол. 3. За клима ‒ што нема доволно врнежи, не содржи влага. Сув ветер. Сув воздух. Суво лето. 4. Што е приготвен со сушење. Суви сливи. Сува риба. Суви смокви. 5. За вино ‒ што нема сладок вкус. Таа е љубител на суво бело вино. 6. Што е умртвен, без животни сокови. Сува рака. Сува коса. Сува трева. Суво дрво. 7. Чист, неизмешан со нешто друго. Суво злато. 8. За кожа ‒ што не е мрсна. Сувото лице го подмладува со помади. 9. За очи ‒ што се останати без солзи; пресушени. Сувите очи тажно го погледнаа. 10. (прен.) Што е слаб, мршав. Дојде едно суво старче. 11. (прен.) Што е студен, здодевен, сувопарен. Сув одговор. Сув стил. Сув поглед. 12. (техн.) Што се произведува или што дејствува при отсуство на влага. Сува дестилација. ◊ Сува пара ‒ готовина, пари во готово. Од полна бочва сув ќе излезе ‒ тој што многу пие. Сува храна ‒ храна што не е готвена и што се состои од леб и други цврсти (конзервирани) јадења. Јаде сув леб ‒ сиромашно, скромно јаде, само леб. Сув пост ‒ строг пост кога не се јаде ни масло за јадење. Сува пола риба не јаде ‒ треба да завлезеш во некоја работа, да преземеш ризик па да имаш добивка. Сува кашлица ‒ (мед.) кашлица без шлајм. Сув студ ‒ кога е многу студено без врнежи, особено од снег. Од сув бунар вода вади ‒ в. бунар. Жаба не крека на суво ‒ в. жаба. Покрај сувото гори и суровото ‒ покрај виновните, страдаат и невините. Бричи на суво ‒ 1. наплатува скапо; 2. многу лаже; 3. дува студен ветер, многу е студено. Се чувствува како риба на суво ‒ в. риба. ‖ суво прил. Суво одговори на прашањата. По улиците беше суво. ‖ сувост ж.