суверен
Значење на суверен:
1. Што има врховна, целосна и неограничена власт. Тој бил суверен владетел во земјата.
2. Што е без туѓо влијание, самостоен; независен. Суверена држава. Суверена личност.
Членувана форма: суверениот.
Изведени зборови:
- суверено, прил. Владее суверено.
- сувереност, и. ж.
Оригинални податоци:
суверен, суверениот прид. 1. Што има врховна, целосна и неограничена власт. Тој бил суверен владетел во земјата. 2. Што е без туѓо влијание, самостоен; независен. Суверена држава. Суверена личност. ‖ суверено прил. Владее суверено. ‖ сувереност ж.