свадба

Именка, женски род

Значење на свадба:

Семејна прослава, свеченост по повод венчавање, стапување во брак. Селска свадба. Скромна свадба. Свадба со многу гости. Покана за свадба. Прави свадба. Си спомнуваше за својата свадба.

Множина: свадби.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сребрена свадба – дваесет и петгодишнина од брачен живот. Златна свадба – педесетгодишнина од брачен живот. Дијамантска свадба – шеесетгодишнина од брачен живот. По свадба тапани – задоцнета постапка, реакција. Без свирка (гајда) не бидува – неопходно, неодминливо.

Оригинални податоци:

свадба, мн. свадби ж. Семејна прослава, свеченост по повод венчавање, стапување во брак. Селска свадба. Скромна свадба. Свадба со многу гости. Покана за свадба. Прави свадба. Си спомнуваше за својата свадба. ◊ Сребрена свадба – дваесет и петгодишнина од брачен живот. Златна свадба – педесетгодишнина од брачен живот. Дијамантска свадба – шеесетгодишнина од брачен живот. По свадба тапани – задоцнета постапка, реакција. Без свирка (гајда) не бидува – неопходно, неодминливо.