свари
Значење на свари:
1. Зготви храна во вода со варење. Свари компири. – Свари јајца за појадок!
2. Добие производ со обработка на суровини преку варење, вриење. Годинава не сварија ракија. За ручек свари грав. Свари две благи кафиња.
3. Преработи храна во желудникот и цревата; вари 3. Не вечерам, стомакот уште не ми го сварил ручекот.
Коњугација: сварат.
Изведени зборови:
- сварување, глаг. им. ср.
- се ~ свари, 1. Стане подготвено за употреба по варењето. Пченката се свари. 2. Се преработи храна во желудникот и цревата; сп. свари 3. Чувствувам тежина во стомакот, храната уште не ми се сварила.
- (се) сварува, глаг. несв. се сваруваат
Оригинални податоци:
свари, сварат св. 1. Зготви храна во вода со варење. Свари компири. – Свари јајца за појадок! 2. Добие производ со обработка на суровини преку варење, вриење. Годинава не сварија ракија. За ручек свари грав. Свари две благи кафиња. 3. Преработи храна во желудникот и цревата; сп. вари 3. Не вечерам, стомакот уште не ми го сварил ручекот. ● се ~ 1. Стане подготвено за употреба по варењето. Пченката се свари. 2. Се преработи храна во желудникот и цревата; сп. свари 3. Чувствувам тежина во стомакот, храната уште не ми се сварила. ‖ (се) сварува, се сваруваат несв. ‖ глаг. им. сварување ср.