сведок

Именка, машки род

Значење на сведок:

1. Тој што видел лично некаков настан, случување; очевидец. Сведок на трогателната средба. Сведок на тепачката.

2. Тој што е повикан да дава изјава пред овластени лица (на суд, во полиција) во врска со настан, случка што се разгледува. Сведоци имаше и обвинителот и одбраната. Сведокот даде изјава. Судијата го повика последниот сведок.

3. Тој што сведочи при склучување граѓански брак. Тој им беше сведок кога се зедоа.

Множина: сведоци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нем сведок – што знае, но не се искажува или не може да се искаже. Жив сведок – има очевидец, постои некој што знае. Крунски сведок – најважен сведок.

Оригинални податоци:

сведок, мн. сведоци м. 1. Тој што видел лично некаков настан, случување; очевидец. Сведок на трогателната средба. Сведок на тепачката. 2. Тој што е повикан да дава изјава пред овластени лица (на суд, во полиција) во врска со настан, случка што се разгледува. Сведоци имаше и обвинителот и одбраната. Сведокот даде изјава. Судијата го повика последниот сведок. 3. Тој што сведочи при склучување граѓански брак. Тој им беше сведок кога се зедоа. ◊ Нем сведок – што знае, но не се искажува или не може да се искаже. Жив сведок – има очевидец, постои некој што знае. Крунски сведок – најважен сведок.